Конкурс за најдобра филмска критика на Cinedays 2015

И оваа година, во рамките на 14-тото издание на фестивалот Cinedays, организаторите објавуваат конкурс за Најдобра филмска критика.
Конкурсот е наменет за младите и е од отворен карактер, а добредојдени се сите кои би сакале да го прикажат својот неоткриен потенцијал и талент за пишување во овој специфичен новинарски израз, а се до 35 годишна возраст.
Текстовите не би требало да се подолги од една страна, односно повеќе од 70-на реда текст, а секој од пријавените може да испрати најмногу три текста.
Наградите за трите најдобри филмски критики ќе изнесуваат: 12000 денари за првонаградената, 9000 денари за второнаградената и 6000 денари за трето наградената критика, а ќе ја додели тричлено жири. Конкурсот важи само за филмовите во натпреварувачките програми на фестивалот – официјалната селекција и селекцијата CineBalkan.
Пријавувањето на конкурсот е со електронска порака на: contact@cinedays.com.mk, а рокот е до 11 ноември 2015 година.