Конкурс за најдобра филмска критика на 13-то издание на „Синедејс“

Фестивалот на европски филм „Синедејс“ објави конкурс за најдобра филмска критика на филмовите во натпреварувачките програми на фестивалот, Официјалната селекција како и селекцијата Cine Balkan. Оваа година ќе се одржи 13-то издание на фестивалот од 13-ти до 22 ноември.

Конкурсот е од отворен карактер за млади до 35 години кои би сакале да го покажат својот талент за пишување филмска критика.

Текстовите не треба да се подолги од една страна односно повеќе од 70-тина реда текст, а секој од пријавените може да испрати максимум до 3 рецензии. Наградата за најдобрата филмска критика изнесува 20.000 денари, а ќе ја додели тричлено жири.

Програмата за годинава вклучува повеќе од сто филмови, двесте гости, пет работилници и десет концерти. Фестивалот се одржува со помош на Министерството за култура, Градот Скопје, Делегацијата на ЕУ во Македонија, како и Агенцијата за филм.

Пријавувањето може да се направи на мејлот contact@cinedays.com.mk.