Конкурс за најдобра биофотографија

Истражувачкото друштво на студенти биолози (ИДСБ) објавува конкурс за биофотографија на тема “Погледни”.
Во секој момент, насекаде во природата се случуваат илјадници неверојатни процеси, настани, промени…. Застани за миг и погледни – да не дозволиме ништо да пропуштиме!

Право на учество на конкурсот имаат сите (без разлика на нивното фотографско искуство или знаење) кои имаат желба да се зaнимаваат со фотографија односно биофотографија.

На секоја испратена фотографија мора да стои воден печат со името или симболот на авторот.
Заедно со фотографиите се испраќаат и податоци (генералии за авторот).
Бројот на испратени фотографии од еден автор е ограничен на две фотографии.
Фотографијата не смее претходно да биде наградувана или објавувана.

Оценувањето ќе се врши преку лајкови на FB-страната како и гласови од Претседателството на Друштвото

Награден фонд:
За освоено прво место : Ваучер за бесплатно учество во 15-дневната истражувачка акција на ИДСБ
За освоено второ место: Ваучер за бесплатно учество на еднодневна истражувачка акција на ИДСБ
За освоено трето место: Промотивни материјали на ИДСБ (зборници, годишни билтени, научни списианија, брендирана маичка,капа и др.)

Конкурсот трае до 20.04.2013

Сите пријавени фотографии ќе бидат поставени на Facebook страната на конкурсот по изминатиот рок за пријавување, кога ќе започне гласањето со лајкови!
Фотографиите се пријавуваат на e-mail адреса biofotokonkurs@gmail.com