Конкурс за најдобар средношколски есеј на тема „Верувам во Македонија”

„Верувам во Македонија”По повод одбележувањето на десет години од смртта на Борис Трајковски – поранешниот претседател на Република Македонија, Министерството за образование и наука распишува Конкурс за есеј за учениците од средните училишта во Република Македонија. Темата на која треба да пишуваат заинтересираните средношколци е „Верувам во Македонија”.

Право на учество на конкурсот имаат сите ученици од средните училишта во земјава. Притоа пријавениот есеј треба да биде оригинален, напишан на јазик на кој ученикот ја следи наставата во училиште и да има најмногу 500 зборови.

Секој ученик ќе може да испрати само еден авторски труд, додека есеите кои не ги задоволуваат критериумите или се со непримерна содржина ќе бидат дисквалификувани, информираат од МОН.

Краен рок за испраќање ан есеите е 10 февруари 2014 година, а изборот на најдобрите ќе го прави комисија формирана од Министерството за образование и наука.

За најдобрите есеи се предвидени парични награди.