Конкурс за најдобар млад преведувач

Делегацијата на Европската Унија во соработка со Здружението на преведувачи и толкувачи го објави Конкурсот за најдобар млад преведувач „Вавилон“ 2019.

Конкурсот е отворен за млади преведувачи до 26 години, кои може да пријават преводи (или извадоци од) литературни дела објавени во последните три години на кој било од 24-те службени јазици на ЕУ.

Регистрацијата е достапна на следниот ЛИНК.

Наградите ќе се состојат од: студиски престој поврзан со превод, годишно членство во Здружението на преведувачи и толкувачи ЗПРМ и објавување на преводот, во целост или делумно, во списанието „Културен живот“. Ќе бидат доделени награди за секој од јазиците на кои ќе пристигнат пријави.

Информативната сесија и практичната работилница за потенцијалните учесници и млади преведувачи ќе се одржат во ЕУ инфо центарот на 10 октомври 2018 во 16 часот.

Краен рок за прием на пријавите е 1 април 2019 година.