Конкурс за најдобар дизајн на кондом пакување

Театарот „Сенки и облаци“ од Скопје во соработка со “MTV Staying Alive Foundation” од Лондон, објави Kонкурс за дизајн на кондом пакување, на тема „Дизајнирај го својот кондом“.

Конкурс за најдобар дизајн на кондом пакување

Конкурсот е дел од проектот „Приказни во сенка“, кој во наредниве три години ќе дејствува со различни активности наменети за едукација на младите, на тема сексуално и репродуктивно здравје, полово преносливи инфекции, ХИВ/СИДА.

Повикот е наменет за млади до 30 години, без разлика на пол, националност, образование, професија. Решението на дизајнот треба да охрабрува и ги поттикнува младите на одговорно сексуално однесување (користење на кондом, ХИВ тестирање, почитување на родови и сексуални права), може но и не мора да содржи слоган за ХИВ/СИДА, сексуално преносливи инфекции, бременост, да не осудува и не дискриминира, да не пренесува негативни пораки и да биде забавен.

Визуелното изразување е слободно и можат да се користат различни техники како графички дизајн, илустрација, фотографија и сите визуелни техники.

Авторот на најдоброто визуелно решение ќе добие награда од „Lotus Lounge Chair” . Победничкиот дизајн и авторот ќе се најдат на кондом опаковка која ке се печати во неколку илјади примероци, кои ќе бидат дистрибуирани меѓу младите во Скопје. Наградата ќе биде доделена на 1ви декември 2014 во Младинскиот Културен Центар – Скопје.

Повеќе информации за конкурсот се достапни на следниот линк.