Конкурс за наградата „Жан Моне“ за 2013 година

Делегацијата на Европската Унија го објави конкурсот за наградата „Жан Моне“ за 2013 година.

Наградата „Жан Моне“ ќе се доделува во три натпреварувачки категории за најдобри достигнувања во известувањето за теми поврзани со ЕУ и со пристапувањето на земјата кон ЕУ и тоа:

1. Конкурс за најдобар новинарски напис (за написи објавени во печатените медиуми и/или на веб)

2. Конкурс за најдобра репортерска фотографија (за фотографии објавени во печатените медиуми и/или на веб)

3. Конкурс за најдобра аматерска фотографија

1. Конкурс за најдобар новинарски напис

Творбите што ќе учествуваат во оваа категорија се новинарски написи за ЕУ и за пристапувањето на земјата кон ЕУ, објавени во домашните весници, списанија и веб-сајтови, и тоа во периодот помеѓу 8 ноември 2012 година и 15 ноември 2013 година.
Награда: статуетка, диплома и парична награда од 1.000 евра.

2. Конкурс за најдобра репортерска фотографија (за фотографии објавени во печатените медиуми и/или на веб)

Конкурсот е отворен за сите професионални фоторепортери и фотографи од земјата, коишто може да достават до 3 фотографии посветени на теми за ЕУ, а кои биле објавени во периодот помеѓу 8 ноември 2012 година и 15 ноември 2013 година.
Награда: статуетка, диплома и парична награда од 1.000 евра.

3. Конкурс за најдобра аматерска фотографија

Конкурсот е отворен за сите аматери-фотографи од земјата, коишто може да достават една фотографија посветена на тема за ЕУ. Фотографиите што ќе конкурираат во оваа категорија може и не мора да се објавени претходно.
Награда: Диплома и парична награда од 500 евра.

Други информации

Жирито се состои од четири члена – претставник од Делегацијата на ЕУ, претставник од Секретаријатот за европски прашања, професионален фоторепортер – добитник на минатогодишната награда „Жан Моне“, претставник од академската заедница и почесниот претседател на жирито.

Рокот за доставување на делата е 14 часот на 15 ноември 2013 година. Свеченото доделување ќе се одржи на 12 декември 2013 година.

Повеќе информации за наградата на следниот линк.