Конкурс за млади новинари и блогери на летна школа во Исланд

„Youth Time International Movement“ распиша конкурс за новинари и млади ентузијасти за медиуми да аплицираат на Младинска меѓународна летна школа која ќе се одржи во Рејкјавик, Исланд, од 25-ти до 30-ти јуни оваа година.

Темата на школата оваа година е „Идни вештини за одржување на работната средина: Подготовка за транзиција“.

На повикот може да аплицираат блогери/влогери, активисти на дигитални медиуми, онлајн фриленс новинари и сите кои работат како новинари во медиумската индустрија низ целиот свет.

Главните критериуми за оние кои сакаат да се пријават е дека сите треба да се обврзат кон продуцирање на најмалку две медиумски содржини пред и по школата. Потребно е и одлично познавање на пишан и говорен англиски јазик.

Организацијата нуди целосни и делумни стипендии за оние кои ќе бидат избрани да учествуваат на школата.

Крајниот рок за аплицирање е 10-ти март.

Повеќе информации можете да најдете на следниов ЛИНК. Заинтересираните можат да аплицираат ТУКА.