Конкурс за Меѓународниот салон за стрип – Велес 2016

Отворен е конкурсот за 14 издание на Меѓународниот Салон за стрип – Велес 2016 кој ќе се одржи кон средината на октомври. Право на учество имаат сите автори од цел свет, без разлика на полот и возраста.

Должината на стрипот треба да биде од 1 до 6 табли на А4 формат, (или најмалку 300 дпи ако се испраќа по електронски пат). Доколку стрипот е на една страна треба да биде со најмалку  5 сликички, а ако е во боја, препорачливо е да се испрати преку пошта или лично да се достави

Испратените стрипови нема да бидат вратени, а организаторот се стекнува со право да ги објавува и презентира заедно со авторите   во  склоп на промоција на своите активности. Авторите коишто ќе испратат свои стрипови влегуваат во конкуренција за обезбедување на пат , сместување и исхрана во текот на 14  Интернационален салон на Стрип „Велес 2016“.

Tемата на стрипот е слободна.Секој автор (билo цртач, туш ,колор ) може да учествува со само еден  стрип. Исклучок има за сценаристите каде се дозволува да едно лице направи сценарио за повеќе стрипови.

Учесниците коишто се во основно образование треба да се насочат кон своите основни училишта заради раширување  на информацијата, организирано пријавување како и избор на тема за цртање. На еден стрип можат да работат повеке автори (притоа да се напише кој што направил: сценарио, молив, туш…)

Со стрипот е потребно испраќање на лична биографија (име и презиме со фотографија, дата на раѓање адреса, и држава од каде е авторот ,е -пошта и година кога е нацртан стрипот). На сите  стрипови треба бидат наведени авторите како и називот на стрипот, кои без овие информации нема да бидат земени во предвид за награди.

Стриповите од македонски автори (со исклучок на ситуации кога сценаристот е од друга земја) треба да бидат на македонски јазик и кирилско писмо. Нив ќе ги разгледува тричлена интернационална комисија која ќе го направи изборот за наградите.

Рокот за испракање е до 20-ти Септември 2016 година,освен за  ученици, рокот за нив е 25 мај 2016.

Тие може да се испратат на адресата: Стрип Центар на Македонија – Велес (за конкурсот), ул. Васил Горгов, бр.78 ,1400 Велес ,Република Македонија или на stripkonkurs@gmail.com.