Конкурс за Литературната награда на ЕБОР за 2020 година

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во партнерство со Британскиот совет го објави конкурсот за Литературна награда на ЕБОР за 2020. Целта на наградата е да ги препознае богатите култури и креативноста на регионот кој географски се протега од Централна Европа до Централна Азија, и од јужен и источен Медитеран до северна Африка.

Литературната награда на ЕБОР за 2020 ќе биде доделена на писател и преведувач за најдобро литературно белетристичко дело преведено на англиски јазик, кое е оригинално напишано од автор кој е граѓанин на земја каде што ЕБОР има свои канцеларии, на јазик кој се говори во тие земји и да биде отпечатено од издавачка куќа во Велика Британија. Делото мора да биде првпат објавено во периодот од 15 ноември 2018 до 15 ноември 2019. ЕБОР ја доделува трета година по ред оваа награда во износ од 20.000 евра, која ќе биде поделена помеѓу наградениот автор и преведувачот. На конкурсот се доделуваат и две награди од по 1.000 евра за два учесника и преведувачите на делата.

Пријавувањето за Литературна награда е до 1 октомври 2019. Првата селекција на кандидатите ќе биде објавена во јануари 2020, а финалистите – во март 2020.