Конкурс за карневалска фотографија

„Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј-Струмица“ во соработка со Зружението на граѓани „Евро-визија“ го објави конкурсот за карневалска фотографија „Карневалски слики 2018“.

На конкурсот може да учествува секој кој има фотографија од минатогодишното издание на Струмичкиот карневал.

Секој автор може да учествува со најмногу десет фотографии во дигитален формат, а рок за испраќање на фотографиите е до 10 февруари.

Десеттата изложба на карневалски фотографии се отвора на почетокот на карневалските празнувања, кои годинава почнуваат на 5 март.

На изложбата ќе бидат претставени педесетте најдобри фотографии, а за најсупешните се предвидени награди.