Конкурс за геофотографија на Здружението на студенти географи „Природник“

Истражувачкото здружение на студенти географи “Природник” втора година по ред организира тематски геофотоконкурс насочен кон презентирање на убавините на Северна Македонија. Темата на новиот конкурс е „Пејзажи од селата во Македонија“.

Од Здружението велат дека идејата на геофотоконкурсите е преку фотографија да се запознаат граѓаните со убавините на земјата и нивна промоција и заштита.

Во продолжение ви го пренесуваме конкурсот со детали за начинот на кој сите заинтересирани можат да учествуваат:

Кој може да учествува?

Право на учество имаат сите граѓани на Македонија, без разлика на возраст, пол, националност и верска припадност.

До кога трае конкурсот?

Испраќање на фотографии – 12.08.2019 до 06.09.2019 година

  •  Сите пристигнати фотографии ќе бидат објавувани во заеднички албум на Фејсбук профилот на Истражувачкото здружение на студенти географи – “Природник” по завршување на рокот на испраќање на фотографии.
  •  Во период од 09.09.2019 година до 15.09.2019 година ќе биде овозможено секој да гласа за нив со „лајк“. Дваесетте фотографии кои до 15ти септември ќе имаат најмногу гласови („лајкови“) ќе бидат испечатени и изложени за време финалниот настан (изложба).
  • Членовите на комисијата за наградување од сите фотографии ќе одберат 3 победнички, чии автори ќе бидат наградени.
  • Победниците ќе бидат објавени на крајот од септември 2019 година, на веб страната и фан страната на Истражувачкото здружение на студенти географи – “Природник” како и на завршна изложба!

На кој начин може да бидат испратени фотографиите / Критериуми?

Апликација:

  • Учеството е бесплатно.
  • Еден автор може да испрати најмногу 5 фотографии. Учеството опфаќа дигитални фотографии во боја, испратени преку е-маил (не принт, црнобели фотографии или панорама формати).
  • Насловите на дигиталните фотографии мора да го содржат името на фотографот и името и бројот на фотографијата (1-5) (пример: ДаркоРистовски_СелоКрапа _1.jpg).
  • Испратете ги Вашите фотографии на geofotokonkurs.prirodnik@gmail.com
  • Покрај фотографијата, во мејлот јасно треба да биде напишано името и презимето на авторот, наслов на фотографијата, линк до негово портфолио, веб-сајт и/или друг социјален медиум.
  • Препорачан формат е JPEG/150dpi, со големина на фајлот која не надминува 20Мb.
  • Фотографиите треба да содржат жиг или лого од авторот.
  • Потребно е да содржат пејзажи од природата и селото (реки, околни планини, полиња итн.), а не е само градба.
  • За секоја фотографија авторот задолжително треба да испрати текст од најмалце 250 зборови ( приказна ) за селото, карактеристики, име, итн.

Наградите се:

  1. Прво место од Комисија (сертификат за освоено 1во место, сет на книги/карти од МГД, Штеки за планинарење, бесплатно годишно членство во ИЗСГ “Природник” за тековната година).
  1. Второ место од Комисија (сертификат за освоено 2ро место, сет на книги/карти од МГД, челна ламба, бесплатно годишно членство во ИЗСГ “Природник” за тековната година).
  1. Трето место од Комисија (сертификат за освоено 3то место, сет на книги/карти од МГД, термос, бесплатно годишно членство во ИЗСГ “Природник” за тековната година)

Фотографиите ќе бидат презентирани на веб страната на Истражувачкото друштво на студенти географи “Природник” – Скопје (www.izsg-prirodnik.com.mk) како и на официјалните профили на Здружението на социјалните интернет медиуми (Facebook, Instagram).

Фотографиите ќе бидат искористени во изработката на календар за 2020 година

Комисијата за наградување:

Одлуката на Комисијата е конечна. Организаторите го задржуваат правото да дисквалификуваат фотографии кои не ги исполнуваат условите на конкурсот.

Организатор: Истражувачко здружение на студенти географи – “Природник”

Поддржувачи: Македонско Географско Друштво, Институт за географија при ПМФ – Скопје

Авторски права, одговорност и објавување.

Авторските права за сите фотографии кои учествуваат мора да припаѓаат на фотографите. Фотографот ги задржува правата за неговите/нејзините фотографии во секое време и неговото/нејзиното име ќе се појавува секогаш кога се објавени. Со учество во натпреварот, натпреварувачот им дава право на организаторите за бесплатна употреба на фотографиите за следните цели:

  • Промовирање на геофотоконкурсот во публикации на организаторот, неговата веб страна и во медиуми.
  • Сите наградени фотографии можат да бидат користени од страна на организаторот, Истражувачко здружение на студенти географи – “Природник” за комерцијална продажба на комуникациски материјал и во нивните рекламни материјали, како и календари.
  •  Сите наградени фотографии можат да бидат користени од страна на организаторот, Истражувачко здружение на студенти географи – “Природник” за изложби и негово рекламирање.
  •  Истражувачко здружение на студенти географи – “Природник” има право да ги користи наградените фотографии во нивните публикации. Фотографиите кои учествувале но не се наградени ќе бидат користени единствено по консултација и во договор со фотографот.
  •  Употребата на фотографии за други цели освен оние споменати во текстот погоре, единствено може да продолжи после консултација со фотографот. Права на фотографиите немаат агенции или издавачи. Организаторот не презема одговорност за акции преземени од трети страни.

Забелешка:

Ќе бидат земени во предвид само фотографии кои претходно не учествувале на други конкурси и кои не биле изложувани и за кои авторот ги поседува сите права.

Повеќе информации на:

Истражувачко здружение на студенти географи – “Природник”

Адреса: Природно математички факултет – Скопје, Архимедова бр.3, 1000 Скопје

Тел: 078/409-005;

www.izsg-prirodnik.com.mk

geofotokonkurs.prirodnik@gmail.com