Конкурс за дизајн на постер на Фестивалот Ѕуница

Фестивалот Ѕуница распиша конкурс за дизајн на постер за фестивалот. Конкурсот е отворен за сите дизајнери, филмаџии и поддржувачи на Фестивалот Ѕуница. Идејните решенија или дизајнираните постери ќе може да се испратат на dzunicafestival@gmail.com.

Конкурс за дизајн на постер на Фестивалот Ѕуница

Избраното идејно решение ќе добие скромна парична награда и ќе биде искористено за брендирањето на целиот Фестивал. Пристигнатите предлози ќе ги разгледува тричлена комисија, составена од страна на организаторот. Конкурсот е отворен до 12 октомври 2014.

Приказната на Фестивалот Ѕуница започнува како обид да се доближи ЛГБТИ филмот до заедницата, а годинава е веќе препознатлив фестивал и го слави десеттиот роденден.

Многу дизајнери, фотогографи, организатори, активисти, волонтери, музичари, актери, уметници и филмаџии го израснаа фестивалот и ја испишаа неговата десетгодишна историја.

Повеќе за фестивалот може да прочитате на следниот линк.