Конкурс за деца – актери во филмското училиште „Тинтири – Минтири“

Филмското училиште за деца „Тинтири Минтири“ и Аурипигмент продукција од Скопје распишуваат конкурс за упис на нови членови.

Интерактивното филмско училиште „Тинтири Минтири“ е наменето за обука на деца и млади од 6 до 18 години во сферата на аудио-визуелните уметности. Како дел од примарните активности на Тинтири Минтири се филмска и тв глума, пишување, сценарио, режија, креативно пишување, анимација, водители, радио драма, градење однос кон камера и јавен настап.

Пријавувањето трае до крајот на август, а наставата започнува од септември. Часовите се одржуваат во просториите на МРТВ.

Основната активност во „Тинтири Минтири“ е филмска дејност. Учениците сами ги пишуваат, снимаат и монтираат филмовите. Овие филмови, изработени од деца, а под менторство на професионални филмски работници – педагози, ја доживуваат својата кино премиера на меѓународниот филмски фестивал за деца „Тинтири Минтири Филм Фест“.