Конкурс за биофотографија на тема: „Крилести авантури“

Истражувачкото друштво на студенти биолози го објавија десеттиот по ред Конкурс за биофотографија, кој годинава е на тема: Крилести авантури.

Главниот мотив на фотографиите треба да бидат животни со крилја, како птици, лилјаци, инсекти итн.

Гласањето ќе се спроведе онлајн, преку Фејсбук, а фотографиите ќе бидат објавени на нивната страница. Трите фотографии кои ќе имаат најголем број „лајкови” ќе бидат избрани за први три места.

Фотографиите треба да се испратат на @. најдоцна до 25 јули, 2020.

Правила:

– Фотографии кои се сценирани или со вештачка сценографија нема да земат учество на конкурсот.

– На секоја испратена фотографија мора да стои воден печат со името или симболот на авторот.

– Заедно со фотографиите се испраќаат и податоци (генералии за авторот).

– Бројот на испратени фотографии од еден автор е ограничен на две фотографии.

– Фотографијата не смее претходно да биде наградувана или објавувана.

– Организаторот го задржува правото да ги објавува фотографиите во своите јавни публикации и изданија.

– Делата кои не ги исполнуваат условите нема да бидат објавувани.

– Делата кои ќе добијат гласови прекy т.н. Like-генератори на FB ќе бидат дисквалификувани.

– Право на учество имаат сите.