Конкурс „Напиши љубов во 140 карактери“

„Напиши љубов во 140 карактери“ е последниот награден конкурс на поетската манифестација „Рацинови средби“ 2016, наменет за корисниците на социјалната мрежа Твитер.

Целта на конкурсот е поттикнување на креативноста, ширењето љубов и промоција и афирмација на љубовната поезија на Рацин на официјалниот твитер профил на манифестацијата @racinovisredbi.

„Бидете креативни, ширете љубов и твитајте ги вашите љубовни пораки на македонски јазик, со кирилично писмо и хаштаг #pc“, се вели во повикот.

За најубавата твитер љубовна порака предвидена е вредна награда која ќе биде доделена на свеченото отворање на „Рациновите средби“ на 9 јуни.

Конкурсот ќе трае до 1 јуни 2016 година.