Конкурс на Транспаренси Интернешнл Македонија за набљудувачи на националните медиуми

Транспаренси Интернешнл Македонија (ТИ-М) има потреба од лица за набљудување на дел од националните медиуми во Република Македонија за период од 30 денови. Лицата ќе имаат обврска да учествуваат во процесот на набљудување на програмската содржина на медиумите, пред се во делот на информативните програми и програмите со вести на електронски медиуми, како и на текстуалните содржини во дневни и неделни весници на македонски и на албански јазик, во приближно време од 6 до 8 часа на ден.

Транспаренси Интернешнл Македонија објави конкурс за набљудувачи на националните медиуми

 

Мониторирањето е предвидено да се спроведе во периодот од крајот на март до крајот на април.Претходно, во првата недела од март, од 3 до 7 март, избраните лица ќе треба да посетуваат меѓународна обука за мониторирање, што ќе се спроведе во просториите на ТИ-М.

На конкурсот предност ќе имаат студенти од завршните години на правните и економските студии, особено од студиите по новинарство, односи со јавност, комуникации, политички науки…, како и лица со искуство во мониторирање на медиуми. Суштински важно е кандидатите да ги познаваат или македонскиот или албанскиот јазик или и двата јазика, а како предност ќе се смета и доброто познавање на англискиот јазик.

Заинтересираните кандидати треба да испратата кратко CV, со сите информации за контакт (телефон и меил) на info@transpаrency.org.mk, со назнака за Конкурсот за монитори, не подоцна од четврток(27 февруари).

Избраните кандидати ќе треба да бидат на располагање за обуката веќе во првата недела од март. Работата ќе биде пристојно валоризирана преку соодветен хонорар.