Конкурс на тема „Македонија чиста“

Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација Македонија презент и Издавачката куќа Феникс – Скопје ја започнаа својата нова акција и кампања „Македонија чиста”.

Намерата е Македонија полека но сигурно да стане пример за хигиена и заштита на природата и животната средина. За таа цел се распишува конкурс на тема „Македонија чиста” и се повикуваат сите заинтересирани да испратат свои предлози и идеи на следниот мејл: feniksmk@hotmail.com

За најдобрите сугестии, предлози, идеи, материјали и други иницијативи ќе следуваат награди во книги.

Конкурсот е отворен до 10.10.2015 година.