Конкурс на ХЕРА за средношколци-фотографи – „Што ме прави среќен?“

ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување со поддршка на град Скопје објавува конкурс за најдобра фотографија на тема: „Што ме прави среќен?“. Право на учество имаат сите средношколци од училиштата во Скопје.

Фотографиите се испраќаат на fotografija@hera.org.mk.  Во пораката треба да бидат испратени информации за авторот: име, презиме и контакт телефон. Со испраќањето на фотографиите, авторите се согласуваат да бидат објавувани во печатена или електронска форма за потребите на организаторот.

Конкурсот трае од 30 мај до 10 јуни. Во периодот  од 10 до 16 јуни сите пристигнати фотографии кои ги задоволуваат критериумите, ќе бидат објавени на Фејсбук-страницата на ХЕРА . 20-те фотографии со најмногу лајкови ќе влезат во потесен круг на селекција. Стручно жири, составено од преставник на Град Скопје, ХЕРА, млад човек и фотограф) ќе ја избере победничката фотографија, како и делата што ќе учествуваат на завршната изложба која ќе се оддржи на 24 јуни во Скопје.

Авторот на победничката фотографија ќе биде награден со велосипед.