[Конкурс] Mладински активизам против говорот на омраза

Bezomrazno.mk заедно со Пеце од групата Суперхикс ги покануваат младите на интерактивната промоција на конкурсот за групни јавни перформанси (flash mobs), кои илустрираат позитивна порака против говорот на омраза.

Промоцијата ќе се одржи денеска во просториите на ЕУ Инфо Центар во Скопје, со почеток во 19.00 часот.

На настанот ќе се разговара за говорот на омраза во јавната комуникација, а тимот ќе се обиде и да помогне за формулирање на идеите на младите за јавни групни перформанси преку практични примери.

Конкурсот „Со креативност и младински активизам против говорот на омраза“ е отворен за сите формални и неформални граѓански организации и движења, активисти – поединци, како и за сите граѓани на Македонија на возраст до 30 години. Најдобрите три апликации на конкурсот ќе добијат по 100.000 денари за реализација на перформансот.

Сите информации поврзани со конкурсот се достапни на следниот линк.