Конкурс: 12 студенти со воз ќе патуваат во Европа

Граѓанската асоцијација „Мост“ и оваа година го спроведува проектот „Патуваме во Европа“, преку кој 12 апсолвенти од Македонија ќе добијат можност во рок од еден месец да патуваат низ европскиот континент со воз.

12 студенти ќе заминат на „Пат во Европа“

Конкурсот за пријавување е отворен до 1 јули 2013 година. Може да се пријавуваат студенти на последната година од своите студии со просечна оценка над 8,00 и имаат помалку од 26 години.

„Мост“ ќе ги бодуваат според успехот, редовноста на студиите, досега остварените патувања, познавањето странски јазици итн. Апликациите ќе бидат рангирани во листа од 30 најдобри студенти кои ќе бидат поканети на интервјуто, а од нив ќе бидат одбрани 12 кои ќе заминат на пат во Европа.

Тие ќе добијат Интер-реил карта со важност од 22 дена и мал џепарлак, а ќе бидат задолжен да понесат брошури од Македонија коишто ќе ги раздаваат на луѓето што ги среќаваат на својот пат.

Патуваме во Европа”  е регионален проект, кој освен во Македонија се реализира и во останатите земји од Западен Балкан, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија, како и Косово.