Конгресменката Окасио Кортез одржа говор против сексизмот

Гневот на конгресменката Александрија Окасио Кортес поради вербалниот напад од страна на републиканскиот пратеник се претвори во вонредна ситуација кога синоќа, таа одржа свој говор со кој таа и останатите демократи ја адресираа сексистичката култура на „прифаќањето на насилство и насилен говор врз жените“, појава чиј приврзаник е и Доналд Трамп.

Еден ден откако таа ја отфрли понудата за помирување од републиканскиот конгресмен Тед Јохо поради неговиот вербален напад на скалите пред Конгресот, Окасио- Кортез заедно со колегите го претстави инцидентот како неретко машко однесување, нешто по кое познат е претседателот и преостанатите републиканци.

„Не станува збор за само еден изолиран инцидент. Ова е културолошки проблем. Ова е култура на прифаќање на насилство и насилен говор кон жените, и зад ова стои цела една структура на моќ која го поддржува ова“, истакнала Кортез.

На ваквото обраќање учество земаа и неколку други пратенички кои истакнаа дека ваквото однесување за нив е веќе рутинско, а оваа изборна година, анкетите покажуваат дека жените му се спротивставуваат на Трамп, кој зад себе има богата сексистичка историја.

Пратеничките кои и се придружија на Кортез претставуваа широк спектар од демократите во Конгресот и го истакнаа единството на партијата кон тема која може да ги поттикне гласачите за нивната партија.

„Кога некој ќе се извини, на тој човек треба да му се прости. Но сметам дека во новиот свет, во новата ера, ние почнуваме да размислуваме дали да го прифатиме извинувањето кога „извини“ не е доволно за прошка“, истакнала Мекарти.

Пелоси пак, одржала одделна прес конференција.

„Ваквото однесување се манифестира во општеството веќе долго време. Можам да ви кажам од прва рака, ме нарекуваат со секакви имиња веќе 20 години“, Пелоси истакнала пред републиканците.

При случајна средба која ја засведочил новинар од „Хил“, републиканецот Јохо ја навредил Окасио Кортез поради нејзината изјава дека зголемениот криминал за време на пандемијата од коронавирусот може да е резултат на зголемената невработеност и сиромаштија.

Окасио-Кортез, која се смета за највокалните прогресивци помеѓу демократите, ја опишала средбата на скалите пред Конгресот. Таа изјавила дека Јохо го вперил прстот во нејзиното лице и ја нарекол одвратна, луда и опасна.

Таа додала дека пред репортерите и останатите присутни Јохо ја нарекол „е**на кучка“, изјава која била потврдена од новинарот од Хил.

„Имањето ќерка не прави го прави човекот совесен. Имањето жена не го прави човекот совесен. Однесувањето кон другите луѓе со почит го прави човекот совесен“, нагласила Кортез.

Извор: Guardian