Авганистански кошаркарски тим составен од лица кои настрадале од нагазни мини си постави цел еден ден да се натпреварува на меѓународни натпревари.
Тимот од 54 играчи неодамна ги покажа своите кошаркарски вештини во Џалалабад и се надева дека еден ден ќе ги покаже своите таленти на поголема сцена, и покрај нестабилната состојба во државата, опустошена од војната.
„На поголемиот дел од нив им се ампутирани една, или двете нозе, при експлозија на мини“, раскажува нивниот менаџер.
Играчите се собираат три дена неделно за да играат и да вежбаат и се надеваат дека нивните вештини ќе ги однесат од терените во Авганистан до натпревари низ светот.
Но, иако поголемиот дел се жртви на нагазни мини, 20-тина членови на тимот се родиле со попреченост.
Како иронија, постоечкиот конфликт во Авганистан, кој индиректно е причина за формирањето на тимот, сега е најголема пречка за нивниот развој.
„Има многу таленти, но за жал има војна и несигурност во Авганистан. Оваа ситуација не спречува да ги покажеме нашите таленти и способности на интернационални натпреварувања“, изјави еден од играчите.
„Секој Авганистанец со попреченост има капацитет за развој, но поради војната ние не наоѓаме начин да стигнеме до интернационалните лиги“.
Сепак, играчите остануваат со позитивни мисли. Член од тимот, зборувајќи на својот мајчин јазик „пашто“, рече дека кошарката му ја вратила надежта откако ги изгубил и двете нозе на работа.
„Нагазив на мина додека работев на нива. Ги изгубив двете нозе. Потоа се приклучив на кошаркарскиот тим со луѓе кои имаат попреченост. Се надевам дека ќе играм против други странски тимови и да победиме на натпревари“, рече тој, додавајќи дека животна желба му е да се сретне со неговиот херој, НБА кошаркарот Коби Брајан.