Kонференција за аудиовизуелните индустрии, одржливиот развој и културната разноликост

Во петок, на 27 септември во хотелот Холидеј Ин во Скопје ќе се одржи конференцијата на тема „Аудиовизуелните индустрии, одржливиот развој и културната разноликост“.

Kонференција за аудиовизуелните индустрии, одржливиот развој и културната разноликост

Како организатор на оваа конференцијата е катедрата на УНЕСКО при Високата школа за новинарство и за односи со јавноста, со поддршка на Меѓународниот фонд за културна разноликост.

На настанот ќе се презентираат клучните наоди од анализата на состојбата на аудиовизуелните индустрии во Македонија, а свои куси видувања ќе изложат и неколку претставници на овој сектор. Свое учество потврдиле домашни продуценти, режисери, автори, медиумски професионалци, претставници на релевантни институции, експерти и други релевантни субјекти.

На конференцијата се очекува да се обрати и Елизабета Канческа Милевска, министерка за култура и претседателка на Националната комисијата на УНЕСКО, а искуствата од земјите од регионот ќе ги претстават експертките Весна Чопиќ, од Словенија и Јака Приморац од Хрватска.

Во последнава деценија, во Европа и во светот се повеќе се говори за важноста на културните и креативните индустрии. Визуелните и изведувачките уметности, филмот, телевизијата, музиката, мултиме­дијалните производи и низа други применети дисциплини силно влијаат врз нашето секојдневие и ги обликуваат нашите вредности, идентитет и однесување.

Почетокот на конференцијата е закажан во 10.30 часот.