Конференција: „Старо купувам – Новата европска приказна за Македонија“

Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО) во понеделник ( 7 јули) организира завршна конференција каде ќе се презентираат резултатите од студијата „Старо купувам – Новата европска приказна за Македонија“. Конференцијата ќе се одржи со почеток во 10:30 часот во хотелот  „Холидеј Ин“во Скопје.

МЦЕО: Националната агенција да ги објасни грантовите кои ги доделила

Говорници на конференцијата се: Љупчо Поповски (Утрински весник); Сашо Ордановски (Аналитичар); Бојан Маричиќ (МЦЕО); Љупчо Петковски (МЦЕО); Горан Лазаров (МЦЕО) и Филип Кондовски (МЦЕО).

Дебатата ќе ја отвори и модерира Љупчо Петковски, истражувач од МЦЕО. Конференцијата ќе се одвива на македонски јазик, но ќе биде обезбеден и симултан превод на англиски јазик.