Конференција: Правните потреби и долгиот пат до правата во Македонија

Во петок (18 октомври) ќе биде промовирана осмата анализа од едицијата „Примената на законите под лупа“, за истражувањето „Правните потреби на граѓаните и долгиот пат до правдата во Република Македонија“.

Конференција: Правните потреби и долгиот пат до правата во Македонија

Истражувањето открива дека половина од испитаниците (49%) се соочиле со најмалку еден правен проблем во последниве три години. Оние кои наведуваат дека имале правен проблем, најчесто посочуваат дека станува збор за повеќе од еден проблем, при што тие не се поврзани меѓу себе, покажува ова истражување.

Промоцијата во организација на Фондацијата Отворено општество – Македонија, ќе се одржи во хотелот Холидеј Ин, со почеток во 10.30 часот.

Како говорници и презентери ќе бидат повеќе претставници од невладиниот сектор, универзитетски професори, новинари.

Програмата за работа може да ја прочитате ОВДЕ.