Конференција: „Одржливост на новите медиуми“ на 11 мај во Скопје

Меѓународна конференција „Одржливост на новите медиуми“  ќе се одржи во Скопје, во салата City Hall на 11 мај.

Конференцијата ја организира фондацијата Метаморфозис со поддршка на амбасадата на САД во Скопје. Целта е да се придонесе кон зголемување на слободата на изразување, преку помагање на медиумите од Македонија да се прилагодат на новите пазарни услови кои произлегуваат од дигиталната средина, преку пренос на знаења и меѓународни искуства на поле на развој на медиумите и отворени дискусии за регионалниот и локалниот контекст.

Конференција: „Одржливост на новите медиуми“ на 9 мај во Скопје

Настанот ќе започне со презентација на експертот од САД,  Маркус Икстад, комерцијален директор во Streamworks Interactive и поранешен директор на продажба во Асошиејтед Прес (АП), кој ќе ги претстави тековните трендови и решенија од гледна точка на неговото 21-годишно деловно искуство во градење нови бизнис модели и нови искуства за корисниците.

Конференцијата ќе продолжи со Тркалезна маса за предизвиците и можните решенија во Македонија, со учество на претставници на клучните заинтересирани страни од бизнисот со нови медиуми, вклучително медиумски професионалци, претставници на маркетинг агенции и огласувачи, владиниот и граѓанскиот сектор.

Конференцијата ќе биде пренесувана во живо преку видео стриминг, со структурирани дискусии преку Твитер, Фејсбук и Пинг.мк. Сите детали за конференцијата, како и ажурирана агенда се достапни на: www.metamorphosis.mk/nmsc