[Kонференција] Младите ќе ја оценуваат улогата на програмата „Млади во Акција“

Младинските организации ќе ја оценуваат улогата на програмата „Млади во Акција“ на конференцијата „Look beyond“ која на 10 и 11 јуни ќе се одржи во Конгресен Центар на Скопски Саем.

lookbeyond„Look Beyond“ е дводневна конференција чија главна цел е да ја анализира и оцени улогата на Европската програма за млади ‘Млади во акција’, врз развојот на младинската работа и младинската политика во Европа.

„Дали меѓународните обуки ги поттикнаа младинските лидери повеќе да дејствуваат на локалните проблеми во заедниците? Колку меѓународните вмрежувања ги зајакнаа меѓукултурните врски на локално ниво? Кои се одржливите ефекти од 7 годишните партнерства, мобилност и едукација? Во двата дена практичарите ќе разговараат за овие и други предизвици креирајќи насоки за поуспешно искористување на новата Ерасмус плус програма“, најавуваат од Центарот за меѓукултурен дијалог кои се организатори на настанот.

Конференцијата ќе собере преку 70 младински организации од Македонија и Европа, експерти, претставници на Европска комисија, SALTO ресурсни центри, Европскиот младински форум, Партнерство за млади на ЕУ и Совет на Европа, млади истражувачи, младински работници и млади луѓе. Програмата вклучува 6 пленарни сесии, 7 работилници, 4 презентации, 19 гости говорници, Саем за младинска работа и безброј можности за вмрежување.

Работен јазик на настанот е Англиски, а програмата на конференцијата е достапна ТУКА. Конференцијата е насочена кон претставници на граѓанските младински организации, регистрацијата е задолжителна и отворена до 6 јуни на http://lookbeyond.cid.mk/registration/.