Конференција за менталното здравје кај младите – „Во здрав мозок – здрава младост“

Денеска во Јавна соба, со почеток од 18 часот ќе се одржи финален настан на активноста „Mental Health Matters”. Станува збор за тричасовна конференција за ментално здравје „Во здрав мозок – здрава младост”.

Целта на конференцијата е на едно место да се соберат родители, наставници, психолози, млади луѓе, односно сите оние кои имаат клучна улога во развојот на ментално здрава млада личност.

Во првиот дел од конференцијата ќе биде претставена анализата „Младите и менталното здравје: ставови и перцепции” од спроведените фокус групи.

Потоа, присутните ќе имаат можност да учествуваат на една од трите едукативни сесии, кои ќе се одвиваат паралелно:

1. Сесија за млади – „Во здрав мозок – здрава младост”, најважните животни аспекти клучни за ментално свесен млад човек
2. Сесија за родители – „Поддршка, контрола или поттик”, влијанието на домашното воспитување и социјалните прилики врз менталното здравје на младите
3. Сесија за наставници и училишни психолози – „Образуваме + Воспитуваме”, влијанието на воспитно-образовниот процес врз менталното здравје на младите

Секоја сесија има максимум по 30 присутни, претходно регистрирани за учество преку оваа онлајн форма.
https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSd6dBvdM9EwAKS8XDcexJP4JVSj5oF8H-jaa1QEMXhYxLsurw/viewform

Секоја сесија ќе биде со еден психолог со искуство на темата и работа со таргет групата. На сесијата ќе може да се слушне што се влијае на вашето ментално здравје, на менталното здравје на вашето дете или вашиот ученик и како вие да поттикнете здрава ментална хигиена и грижа.

По завршување на сесиите на кратко секој од психолозите ќе ги претстави најважните поенти дискутирани на сесиите. Сите присутни ќе имаат можност да се вклучат во дискусијата со прашања и коментари.

Активноста „Mental Health Matters” е спроведувана од Linking, Engagement, Advocacy and Development – LEAD стипендистката Анита Николовска, финансиски поддржана од Проектот на УСАИД за граѓанско учество.

Агенда
17.45 – 18.00 Регистрација на учесници
18.00 – 18.15 Отворање на настанот
18.15 – 18.45 Претставување на резултатите од фокус групите и кратка дискусија со публика
18.45 – 19.00 Поделба на сесии
19.00 – 20.00 Едукативни сесии
20.00 – 20.30 Претставување на дискусијата од сесиите и затворање на настанот
20.30 – 21.00 Коктел