Конференција на тема „Технологијата во облак (cloud) го помага општеството“

Фондацијата Метаморфозис, заедно со локалната канцеларија на „Microsoft”, го организираат денот на Microsoft посветен на граѓанскиот сектор – „Технологијата во облак (cloud) го помага општеството”. Настанот ќе се одржи на 16 мај (вторник), во просториите на Конгресниот центар на Скопски саем, сала Бизнис со почеток од 10:00 часот.

Настанот ќе им овозможи на претставниците од граѓанскиот сектор да научат повеќе за можностите како да добијат софтверски донации и донација во вредност од 5000 долари на Microsoft Azure од програмата на Microsoft за поддршка на граѓанскиот сектор, кој во Македонија и Балканот се спроведува од страна на Фондацијата Метаморфозис, преку платформата Теchsoup Balkans.

„На овој настан ќе имате можност да научите повеќе за предизвиците со кои се соочуваат невладините организации во Македонија и добри примери за тоа како технологијата им овозможува на невладините организации да ги спроведуваат работните обврски на полесен начин и да ја исполнат својата мисија. Овие примери ќе ги презентираат организации од Македонија кои за прв пат добија дониран софтвер.

Технологијата не е повеќе предизвик за ниту една организација со помошта TechSoup Balkans. Ве покануваме да ги дознаете навостите кои ги нуди платформата Microsoft Office 365, која може да ја добиете бесплатно и за можностите кои им се нудат на НВО во Македонија, а кои ги исполнуваат условите за добивање донација на Microsoft Azure во вредност од 5000 долари“, велат од Метаморфозис.

За да пријавите учество потребно е да се пополни овој онлајн формулар, најдоцна до 14 мај до 17:00 часот.

За учесниците од други градови, ќе биде обезбедено покривање на патните трошоци во висина на повратен автобуски билет.

За дополнителни прашања можете да се обратите на следната е-мејл адреса: adrijana@metamorphosis.org.mk, лице за контакт Адријана Селмани.