Kонференција на тема „Како институциите инспирираат младинско учество?“

Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) организира еднодневна младинска конференција на тема „Како институциите инспирираат младинско учество“, која ќе се одржи утре (19 мај) со почеток во 9:30 часот во Порта Македонија-Скопје.
Конференцијата има за цел да им овозможи на претставниците на институциите и младинските организации да дискутираат за политичкото учество на младите,  за тоа што преземаат институциите за нивно вклучување при процеси на креирање политики, како и механизми и модели, Европски практики кои можат да се имплементираат на локално ниво.
Воведни обраќања ќе имаат британскиот амбасадор во Македонија Чарлс Гарет, кој ќе зборува за потребата на младите да учествуваат во политичките процеси подеднакво со другите чинители, пратејки ги практиките на Европско ниво. Потоа, ќе се обрати д-р Фатмир Бесими, Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања, па Ивана Давидовска, претседателка на НМСМ.
По обраќањата, ќе се одржи и панел дискусија за унапредување на ангажманот на креаторите на политиките и нивната посветеност на младите луѓе, на која ќе учествуваат Дамјан Здравев, извршен директор на РЕАКТОР, Јулијана Даскалов, консултант и истражувач во полето младински политики, Дона Костуранова, Управен Одбор на НМСМ и Мартин Милошевски, Асоцијација на европски студентски структури АЕГЕЕ-СКОПЈЕ.
Присуството може да се потврди на следниот линк или на тел. 078 350 531 .