Конференција на тема „Иднината на енергетиката – каде Македонија и ЕУ се среќаваат“

Аналитика тинк-тенк, заедно со Еко-свест и Фронт 21/42 ја организираат конференцијата на тема „Иднината на енергетиката – каде Македонија и ЕУ се среќаваат“.
Конференцијата, на која ќе бидат презентирани резултатите од две студии кои произлегуваат од Нискојаглеродниот енергетски калкулатор за Југоисточна Европа за 2050 година кој беше објавен во 2015 година, е дел од проектот СЕЕ СЕП (Одржлива енергетска политика на Југоисточна Европа) финансиран од ЕУ.

Настанот ќе се одржи во четврток, 29 септември, во ЕУ Инфо центарот со почеток во 10 часот наутро.

На презентацијата ќе бидат презентирани следните документи:
• ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА: Патот кон ЕУ или патот кон никаде? Енергетски план за 2050 година: водич за иднината;
• ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА: Патот кон ЕУ или патот кон никаде? Енергетски план за 2050 година: техничка анализа.

На настанот свои обраќања ќе имаат и Александар Дуковски – Директор на Агенцијата за енергетика на Република Македонија, Александар Дединец од Академијата на науките и уметностите и  Димитар Малиновски од Делегацијата на ЕУ во Скопје.