Конечно! Производите за менструална хигиена се бесплатни во сите училишта низ Велика Британија

После многу години напорна борба, санитарните производи конечно се бесплатни во училиштата ширум Велика Британија, со што се става крај на менструалната сиромаштија.

Од 20 јануари годинава, училиштата ќе можат да ја порачаат потребната количина на санитарни производи преку онлајн систем, како чекор против широко распространетата стигма, со што ниту едно девојче повеќе нема да изостанува од училиштето поради менструацијата.

„Знаеме дека не сите лесно се снабдуваат со санитарните производи кога тие им се потребни. Ваквиот пристап ќе ги реши проблемите и младите девојки ќе може да си ги живеат животите безгрижно“ – изјавила Мишел Донелан, министерка надлежна за деца и фамилии.

„Менструацијата не треба да претставува бариера во образованието, а со дозволата за буџетирање на училиштата за да обезбедат бесплатни влошки, тампони и менструални чашки значи дека сите деца ќе можат да ги посетуваат училиштата без стрес и со крената глава, обидувајќи се да бидат најдобрите верзии од себеси“ изјавила за Dazed&Confused, Амика Џорџ, која со својата кампања #БесплатнаМенструација (#FreePeriod) го започна движењето за ваквата промена во Велика Британија.

Производите кои ќе бидат достапни според оваа нова програма, вклучуваат влошки за еднократна и повеќекратна употреба, тампони и менструални чашки.

Извор: Dazed&Confused