Концертот на The Prodigy ќе се одржи во Охрид

Концертот на The Prodigy во Македонија ќе се одржи на 14 август, на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид, а во состав на првото издание на фестивалот на отворено „Ohrid Calling“.

The Prodigy доаѓаат во Македонија една година по излегувањето на нивниот последен албум „Invaders must die“, со кој бендот четврти пат по ред  го освои врвот на британската топ-листа на албуми. The Prodigy имаат продадено над 25 милиони албуми низ светот. Тие се пробија на музичката сцена со сингловите од вториот и третиот албум „Music for the Jilted Generation“ и „Fat od the Land“, од кои излегоа мегахитовите „Voodoo People“, „No Good (Start the Dance)“, „Firestarter“, „Breathe“, „Smack my bitch up“, „One Love“, „Poison“…

Влезниците за концертот ќе бидат пуштени во продажба во понеделник, на 16 мај, соопштија од продукцијата Авалон.