Концертна серија „Musica Viva на отворено“ на Факултетот за музичка уметност од Скопје

Факултетот за музичка уметност – Скопје на 27, 28 и 29 мај организира концертна серија „Musica Viva на отворено” како дел од научно-истражувачкиот проект NIP.UKIM.21-22.15 поддржан од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”.

Програмата на концертите ја сочинуваат дела од светската музичка литература во изведба на студентите од класите на проф. м-р Марија Муратовска Наумовска, проф. м-р Катерина Гелебешева Костадиновска, проф. м-р Живко Фирфов, проф. м-р Страшо Темков, проф. м-р Олег Кондратенко, проф. д-р Марија Ѓошевска, проф. д-р Горан Начевски, проф. м-р Зорица Каракутовска, проф. м-р Весна Ѓиновска Илкова, вонр. проф. д-р Кристина Светиева, вонр. проф. м-р Марија Вршкова, вонр. проф. д-р Елена Атанасовска Ивановска, вонр. проф. м-р Сара Пројковска, доц. м-р Дино Имери, доц. м-р Димче Белчовски, м-р Бисера Чадловска, м-р Александар Поп Христов.

Концертите ќе се одржат на Платото пред НУ Национална Опера и Балет во следниве термини:
27 мај: ПРЕЛУДИУМ (пијано, хармоника)
28 мај: SONARE (виолина, тромбон, соло пеење, корепетиција практика)
29 мај: ПРОЛЕТНИ ПЕСНИ (соло пеење, вокално студио, флејта, виолина, виолончело, контрабас, корепетиција практика)

Почеток на сите концерти е во 19 часот.

Влезот е слободен. Резервација на седиште на тел. (02) 3134345 или на fmu@fmu.ukim.edu.mk