Концертна промоција во МКЦ на „Одрон“ на Букршлиев, Омерагиќ и Спировски

Во Џепното кино во Младинскиот културан центар вечер во интимна џез атмосфера ќе сe случи концертна промоција на албумот „Одрон“ на младите музичари Букршлиев, Омерагиќ и Спировски.

Албумот „Одрон“ е окарактеризиран како едно од најпријатните изненадувања и возбудливи албуми за 2018 година.

Се работи за трето издание за лејблот PMGJAZZ, кое веќе доживеа слушачка промоција, а може бесплатно и да се симне ТУКА.

Концертот почнува во 21 часот, а влезот чини 200 денари.