Концертна промоција на албумот „ЧУДО“ од групата „Лилит“ во Скопје и Охрид

Македонскиот музички состав „Лилит“ во недела (25 сепрември) ќе одржи концертна промоција на деби албумот „ЧУДО“ пред скопската публика.

Промоцијата ќе започне во 18:00 часот, бендот ќе настапи во кафе-барот Филхармонија.

„’ЧУДО’ е дете на искрена, бескомпромисна љубов кон музиката. Без желба за идентификација со било кој музички жанр, бидејќи секоја идентификација е рамка, овој албум ги дава контурите на еден слободен ентитет кој стои позади името Лилит. На албумот се наоѓаат 12 композиции“, велат од „Лилит“.

Промоцијата ќе започне во 18:00 часот, бендот ќе настапи во кафе-барот Филхармонија.

Јадрото на бендот го сочинуваат вокалот Емилија Колоска, Трајко Симоновски на бас гитара, Иван Петровски на гитара, Филип Димишковски на клавијатури и Мартин Вучиќ на тапани.

Дел од композициите се збогатени со виртуозноста на неколку еминентни музичари, и тоа Сашко Николовски, Иван Иванов, Дамир Имери, Зоран Костадиновски, Игор Атанасовски Харе, Дарко Илиевски, Јадранка Кристов и Петрит Сарачини.

Од бендот информираат дека влезот за концертот ќе биде слободен.

Концертна промоција на албумот „ЧУДО“ ќе се одржи и во Охрид, еден ден претходно, односно на 24 септември од 18:00 часот во предворјето на црквата „Света Софија“.