Концертна изведба на „Кармен“ од Жорж Бизе во Филхармонија

Под диригентската палка на Бисера Чадловска во петок, 12 март, во Националната опера и балет ќе се одржи концертна изведба на операта „Кармен“ од Жорж Бизе, со почеток во 19 часот.

Во главните улоги ќе настапат солистите Зоран Сотиров, Ристе Велков, Злата Тошевска, Катерина Стојановска, Марика Поповиќ, Драган Ампов, Дејан Стоев и Ернест Ибраимовски, а во улогата на Кармен, премиерно ќе настапи Николина Јаневска.

Настапуваат хорот и оркестарот на Националната опера и балет.

Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести. Задолжително е носење на заштитна маска, а од Националната опера и балет нагласуваат дека влезот за публиката ќе биде отворен еден час пред почетокот на настанот.