Концерти на пијанистот Иво Погорелиќ на „Охридско лето“

Вечерва, со почеток во 21:00 часот, во црквата „Света Софија“ во Охрид, како дел од фестивалот „Охридско лето“  ќе настапи врвниот пијанист Иво Погорелиќ.

Билетите за овој концерт беа распродадени за два дена откако беше објавена фестивалската програма, па Погорелиќ ќе одржи дополнителен концерт утревечер (26 јули) исто така во црквата „Света Софија“.

Музичките критичари Погорелиќ го нарекуваат еден од најголемите и најконтроверзните пијанисти на своето време, пијанист којшто во текот на осумдесеттите години од минатиот век ја фасцинира светската јавност со своите интерпретации на музиката на Шопен, но и на други светски композитори.