Концерт за деца „Што е тоа гудачки квартет?“ во Македонска филхармонија

Виолинистката Пламенка Трајковска со својот гудачки квартет ќе реализира концерт за деца во сабота, 20 октомври, со почеток во 12 часот во малата сала на Македонската филхармонија.

 Мали камерни состави – Пламенка Трајковска, со огромно задоволство го најавува својот најнов проект посветен на децата и младите „Што е тоа..“ чија цел е доближување на класичната музика до овој сегмент од населението.

Првиот дел од од проектот се однесува на гудачките инструменти и музичките состави, кои што децата и младите, преку еден интерактивен и мултимедијален концерт, ќе можат да го видат/слушнат/осетат. Концертот ќе вклучува и сценски движења и мултимедијални елементи преку кои учесниците ќе ги однесе во светот на класичната музика и ќе ги запознае со музичките инструметни и начинот на музицирање на виолина, виола и виолончело.

На концертот покрај Пламенка Трајковска ќе настапат Наташа Диденко, Љубица Бошкова и Маја Михајловска .

Проектот е поддржан од Министерството за култура и од Македонската филхармонија.

Билетите за овој настан може да се купат на билетарницата на Македонската филхармонија.