Концерт за 25 години „Културно уметнички работници“ утре во МКЦ

Музичката група „Културно уметнички работници“ утре (25 мај) ќе одржи концерт по повод 25 години активна работа. Концертот ќе биде во салата „25 мај“ во Младинскиот културен центар – Скопје од 20 часот.

На утрешниот концерт ќе биде промовиран концертниот албум на плоча „25 МАЈ“.

Билети може да се набават по цена од 200 денари на билетарата на МКЦ или онлајн на овој линк.

Концертот е поддржан од Министерство за култура.