Концерт „Танго приказна“ во Салон 19:19

Утре (14 мај), со почеток во 20.30 часот во Салон 19:19 во Културно информативниот центар во Скопје ќе се одржи концертот „Танго приказна“.

Како што информираат организаторите, на концертот љубителите на уметноста, музиката и танцот ќе имаат концертно танго доживување со камерниот состав „Агогик “ и сценски настап на танцова двојка од „Центар 213“.

„На програмата се танго композиции, милонги, валцери од најпознатите композитори на тангото како А. Пјацола, Ф. Канаро, К.Гардел и други познати композитори.

Камерниот состав ‘Агогик’ во состав Филип Петрески на хармоника, Ајхан Куртов на пијано и Пламенка Трајковска на виолина повеќе од 15 години ја носат магијата на танго музиката кај нас. Досега настапиле на речиси сите македонски сцени и познати манифестации како Скопско лето, Бит фест, Штипско културно лето, Топол културен бран, Кавадаречка културна есен, Велешко културно лето и многу други настапи на концертни сцени во Македонија и концерти во Србија и Грција“, велат организаторите. 

 Од таму додават дека на концертот публиката ќе може да ужива во сценскиот настап на танго двојка во состав Владанка Колева и Онур Мок од ,,Центар 213“ кои досега настапиле на повеќе домашни и странски сцени во Словенија ,Хрватска, Босна и други танго сцени.

 Билетите за концертот се достапни тука.