Концерт на Зарина Првасевда во сабота во „Јавна Соба“

Македонската пејачка Зарина Првасевда и нејзиниот ансамбал на 24 февруари (сабота) ќе свират целовечерен концерт во „Јавна Соба“ во Скопје.

Зарина Првасевда свири и македонска и светска традиционална музика. Кон крајот на минатата година беше победник на „UpBeat – Best New Talent Award 2023“ на интернационалната UPBeat платформа, а нејзиниот деби албум „ЕХО“, кој е отпеан на 4 јазици е издаден за една од најголемикте издавачки куќа на Балканот – „Croatia Records“.

Двајца членови на ансамблот се прогласени за најдобри џез музичари и тоа Андреа Мирческа 2020, а во 2023 година добитник на престижната награда е Драган Теодосиев. Повеќето од нив се бават со педагошка работа и музичка едукација на млади, а имаат и вложено сериозен и долгогодишен труд во градењето и создавањето на голем дел од актуелната сцена во Македонија и надвор.

Зарина Првасевда досега има реализирано бројни соработки и вокални аранжмани со голем број на домашни и странски музичари, современ танц, како и филмски проекти, а својата музика концертно ја има претставено на реномирани фестивали во Франција, Унгарија, Хрватска, Бугарија и секако Македонија.

Албумот „Ехо“ во 2022 година беше дел од топ 10 најслушани албуми на Балканската светска музичка листа.

Билетите за концертот на 24. Февруари во Јавна Соба можат да се обезбедат онлајн преку веб платформата drugastrana.mk

Концертот е во рамки на „Светско, а наше – Саботи на светска музика“, во организација на „Јавна Соба“.