Концерт на „Ван Гог” вечерва на „Охридско лето“

Познатата рок-група од Србија „Ван Гог“, вечерва во рамки на „Охридско лето“  ќе одржи концерт на сцената „Долни Сарај“.

Како што појасни директорот на „Охридско лето“ Оливер Арсовски, независно што се работи за фестивал на класична музика, било одлучено „Ван Гог“ да биде дел од „оф-програмата“ на 56-то издание на„Охридско лето“.

„Група што е толку активна на сцената, која преку богато 30-годишно творештво, се наметнала како препознатлив бренд во регионот, претставува своевидна рок-класика и заслужува да биде дел од нашата најголема музичко-сценска манифестација“, изјави Арсовски.

Фронтменот на „Ван Гог“ Звонимир Ѓукиќ во свое и во име на членовите на групата рече дека за нив преставува голема чест во годината кога одбележуваат 30-години од формирањето да гостуваат во Охрид. Групата пред неколку месеци го објави изданието „Ако станемо губимо све“, на кое се сместени новите аранжмани нивните 12 најпознати песни.