Концерт на учениците од државните музички училишта и Македонска филхармонија

Македонската филхармонија, утре (9 јуни) во Домот на АРМ во 20 часот, ќе го одржи традиционалниот симфониски концерт на кој како солисти настапуваат учениците од Државните музички училишта во земјава.

Под палката на маестро Борјан Цанев, ќе настапат младите и талентирани: Инес Неделковска – пијано (класа: проф. Нина Костова), Арда Мустафаоглу – пијано (класа: проф. Самира Мустафаоглу), Томе Костовски – пијано (класа: проф. Марија Шамоска-Буџаковски),  Наоми Георгиевска – виолина (класа: доц.проф.Риана Рамиз), Стефан Неделковски – саксофон (класа: проф. Владимир Трајановски), Ева Богоевска – виолина (класа: проф. Олег Кондратенко), Тамара Тодоровска – виолончело (класа: проф. Драган Гоневски) и Александар Иванов – виолина (класа: проф. Горан Муратовски).

На програмата се дела од Бах, Моцарт, Менделсон, Сарасате, Глазунов, Дворжак, Вјетан, Сибелиус.