Концерт на „The Local Blue“ утре во „ShortBus“

Во „ShortBus“ утре (28 февруари, петок) од 22 часот е најавен концерт на психоделичното рок трио „The Local Blue“.

„Очекувајте интересни и несекојдневни музички концепти. Дојдете сите да допринесеме кон атмосферичното лудило кое за момент ќе проба да не втурне кон вселената и се што доаѓа со неа. Многу љубов!“, стои во најавата за концертот.

Инаку, психоделичниот состав изминатиов месец го издаде својот втор албум „2nd Landing“.

Ако сакаме да ги ставиме во некоја рамка, може да кажеме дека свират спејс рок, краутрок, стонер рок, експериментален рок, музика за катапултирање во вселената.

Сепак, нивниот звук не може да се категоризира низ секојдневните вибрации и жанрови. Напротив, велат тие, динамиката и текстурата во звукот на „The Local Blue“ претставува цврста основа за креирање недекојдневни и уникатни звуци кои се филтрираат преку кохезивноста на инструменталистите, па за аудиториумот секогаш нудат уникатни патувалки.