Kонцерт на The K, Onmens и Suzi Soprano во „Кула“

Културниот центар „Кула“ ја продолжува есенската музичка програма со три алтернативи нојз-рок-индастријал состави The K, Onmens и Suzi Soprano. Алтернативните настапи на овие три бендови ќе можете да се видат во вторник, на 6 октомври со почеток во 20.00 часот.

Д кеј (The K.) се белгиски рок бенд од Брисел, чиј звук е под влијание на Pissed Jeans, Д Мелвинс (The Melvins) и Фугази (Fugazi). Откако го освојуваат белгискиот конкурс Сркит (Circuit) во 2011 година, го издаваат својот прв дебитен албум во јуни 2012 година насловен како „My flesh reveals millions of souls“ под независната издавачка куќа Jaune Orange and PIAS. Нивното издание наидува на мноштво позитивни критики во андерграунг музиката, како и во поширокита белгиска јавност.

Онменс претендираат да ја соголат својата музика на ниво на ефективност и директност. Овој дуо-состав е комбинација од ноктурно пулс со абразивни гитари и вокали кои создаваат специфичен звучен стил.

Сузи Спорано ја започнуваат својата кариера во 2015 година, како членови од бендовите Кармакома (Karmakoma), Гроуинг Ратс (Growing Rats) и Д лифт (The LIFT). Карактеристични се по звукот на необработениот, едноставен, но силен тапан со водечки гитари и вокали. Наликуваат на Д Фол (The Fall), Д Џрмс (The Germs), Генг оф Фор (Gang of Four), Киус (Kyuss), Отроци Социјализма (Otroci Socijalizma) и многу други кои го инспирираат разноликиот музички израз на Сузи Сопрано.