Концерт на „Танец“ и проекција на „Телма“ вечерва на „Скопско лето“

Ансамблот за народни игри и песни „Танец“ вечерва од 20:30 часот на плоштадот Карпошово востание ќе одржи вокално-инструментален концерт во рамки на фестивалот „Скопско лето“.

На филмската програма Кафе-кино, пак, од 21 часот во Сули ан ќе биде прикажана фантастичната мистерија „Телма“ на режисерот Јоаким Трир. Филмот е снимен минатата година и е копродукција меѓу Норвешка, Франција, Данска и Шведска.

До крајот на десетдневната програма, Кафе-кино ќе има уште две проекции – утревечер е американско-јапонската романтична комедија „Париз може да почека“ на Елеонор Копола, а програмата в сабота ќе заврши со комедијата„Тивок замок“ по сценарио и режија на Бруно Димон.