Концерт на „Светлост“ во Планетариум

Како дел од серијалот концерти кој се одржуваат во скопскиот планетариум, оваа среда ќе настапи новиот скопски состав „Светлост“.

Станува збор за музички колектив основан во 2014 година. Се работи за флексибилен ансамбл, кој основното трио Кристијан Новковски (Палиндром, The Local Blue),  Дени Омерагиќ,  Нинослав Спировски (Fighting Windmills), го користи како платформа за соработка со повеќе музичари од различни профили.

Музиката на овој состав се менува во зависност од луѓето вклучени во конкретен проект – најчесто е информирана од стилски правци како слободен џез, пост-рок, електро-акустична музика, минимализам и амбиентална музика. На овој концерт ќе настапат со материјал во кој ќе преовладуваат последните три.

За придружната планетариумска проекција ќе биде задолжен Даниел Анастасов.

Билетите во строго ограничен број (60) се достапни на билетарата на МКЦ по цена од 150 денари (во претпродажба) и 200 денари (на ден на настанот).