Концерт на струмичките гимназијалци за опрема на кабинетот по музика

Учениците од СОУ „Јане Сандански“, во петок ќе го одржат својот традиционален новогодишно-божиќен концерт, на големата сцена на НУЦК „Антон Панов“ во Струмица. Средствата од концертот ќе бидат наменети за набавка на музичка опрема во кабинетот по музика на струмичката гимназија.

Годинашново деветто издание на празничниот и тематски концерт го носи името „One way ticket“. Музичарите и солистите од струмичката гимназија ќе ги исполнат хитовите кои ги полнеле подиумите во минатиот век.

„Се надевамe дека публиката ќе ужива во заразните диско звуци од ABBA, Bee Gees, Boney M и многу други изведувачи“, информираат од гимназијата.

На концертот ќе настапат солисти, инструменталисти, хорски и танчарски групи под менторство на професорите Анита Станковска, Денис Кирчанов и Полина Ашикова. Поради големиот интерес, по првиот концерт во 19 часот, веднаш ќе се одржи и втор концерт на стримичките гимназијалци. Влезот е 150 денари.